Лавров: Влезот на Украина во НАТО претставува директна закана

од Milan1
35 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека пристапувањето на Украина во НАТО ќе претставува „директна закана“ за Русија.

Тој посочи дека Доналд Трамп е првиот меѓу западните лидери што рекол дека „вовлекувањето на Украина во НАТО е една од најголемите грешки на претседателот Бајден“.

Лавров го повтори ставот на Владимир Путин дека проширувањето на НАТО и интеграцијата на Украина во алијансата не се прифатливи за Русија и дека присуството на странски вооружени сили, без разлика на нивното знаме, не го менува тој факт.

Слични содржини