Јапонија ги повика Талибанците да ги почитуваат човековите права за време на состанокот во Токио, што е прва посета на Јапонија на член на тврдокорната исламистичка група, соопшти денеска јапонското Министерство за надворешни работи.
Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година, а во Јапонија допатуваа на покана на Фондацијата Нипон, непрофитна организација за доделување грантови со седиште во Токио, пишува Кјодо.
Шефот на Бирото за Блискиот Исток и Африка за прашања на министерството, Тошихиде Андо, во вторникот одржа неформална „размена на мислења“ во јапонската престолнина со делегација од високи членови на Талибанците, меѓу кои и заменик-министерот за економија на Авганистан, Латиф Назари, се вели во соопштението.
Андо, кој е и специјален претставник на јапонското министерство за Авганистан, исто така ги повика Талибанците да го „рефлектираат гласот на авганистанскиот народ“ во нивното владеење.