Шпанската полиција го истражува убиството на бизнисменот и поранешен градоначалник на Гандија во провинцијата Валенсија, Артур Торо, чие тело е пронајдено во автомобил, соопштија извори блиски до истрагата, пренесоа денеска шпанските медиуми.
Полицијата синоќа го пронашла неговото безживотно тело на автопатот А-38, јавува агенцијата Ефе.
Телото покажало видливи знаци на задушување и прострелна рана, соопштија извори блиски до истрагата, пренесува Танјуг.
Торо (62) беше градоначалник на градот Гандија од 2011 до 2015 година како член на Шпанската народна партија (ПП). Тој ги основа компаниите MasVision Group и Hidrosalud, а во април 2023 година беше осуден за проневера и злоупотреба на власта, пренесува Танјуг.