Падна неидентификуван предмет во Полска, властите ги фати страв од руски напад

од Milan1
101 прегледи

Неидентификуван предмет падна денеска на имот во полскиот град Черск, соопшти денеска портпаролката на полицискиот штаб на округот Чојнице Магдалена Зблевска, додавајќи дека „Полската вселенска агенција и полската агенција за воздушна навигација, меѓу другите, се известени за инцидентот“.

„Владата мислеше дека се работи за руски напад“, пишува „NPC Show“ на „Х“.

Претставник на полициjата рече дека добиле пријава од сопственикот дека неидентификуван предмет паднал на имот во општина Черск.

Полските медиуми објавија дека неидентификувани предмети, за кои се верува дека се остатоци од ракета-носач „Falcon 9 R/B“, биле пронајдени во близина на Познан. Ракетата беше лансирана на 1-ви февруари од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија, како дел од мисијата на „SpaceX“.

Тимот на Одделот за вселенска безбедност на Полската вселенска агенција подоцна објави на својата веб-страница дека потврдила дека „ноќта помеѓу 04:46 и 04:48, 19 февруари 2025 година, се случило неконтролирано атмосферско повторно влегување на ракетата-носач „FALKON 9 R/B“.

Слични содржини