Зеленски: Украина е подготвена за договор со САД за инвестиции и безбедност

од Milan1
41 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, по средбата со специјалниот претставник на американскиот претседател за Украина и Русија, Кит Келог, дека Украина е подготвена за договор за инвестиции и безбедност.

„Украина е подготвена за силен, навистина корисен договор со претседателот на САД за инвестиции и безбедност. Ние го предложивме најбрзиот и најконструктивен начин за постигнување резултати. Нашиот тим е подготвен да работи 24 часа на ден“, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој укажа на важноста на американската моќ за Украина и за целиот слободен свет.

„Детално разговаравме за ситуацијата на бојното поле и за начинот на враќање на сите наши воени заробеници, како и за ефективни безбедносни гаранции. Од првата секунда на оваа војна Украина се стреми кон мир, а ние можеме и мораме да го направиме мирот сигурен и траен за Русија никогаш повеќе да не се врати со војна“, посочи Зеленски.

Тој изјави дека имал добар и темелен разговор со Келог за состојбата на фронтот и безбедносните гаранции.

„Благодарен сум на Соединетите Американски Држави за сета помош и двопартиска поддршка за Украина и украинскиот народ“, напиша Зеленски.

Келог пристигна во средата во тридневна посета на Украина, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини