Евростат: Италија има најстаро население во Европа, просечна возраст 48,7 години

од Aneta Risteska
54 прегледи

Италија има најстарото население во Европа, со просечна возраст во земјата од 48,7 години, објави денеска Евростат.

Во соопштението се наведува дека тоа е четири години повеќе од просечната возраст во Италија во периодот од 2014 до 2024 година.

Се забележува дека просечната возраст на населението во ЕУ е 44,7 години, што е за 2,2 години повеќе од 2014 година, пренесе АНСА.

Евростат наведува дека Ирска има најмлада популација во Европа, со просечна возраст од 39,4 години. Се наведува дека стареење на населението е забележано во сите земји на ЕУ, со исклучок на Малта, каде просечната возраст на населението е намалена за 0,7 години и Германија, каде што е намалена за 0,1 година, пренесува Танјуг.

Стареењето на населението е поизразено во Грција, Италија, Португалија и Словачка со просечен пораст од четири години, додека просечната возраст во Кипар, Шпанија и Полска е зголемена за 3,8 години, објави Евростат.