Шмихал: Русија постојано ја напаѓа гасната инфраструктура за да ја остави без гас

од Aneta Risteska
55 прегледи

Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави денеска дека Русија „постојано“ ја напаѓа гасната инфраструктура на Украина за да ја остави без сопствен гас, бидејќи речиси секојдневно ги гаѓа производствените капацитети со проектили.

Шмихал нагласи дека нападите, иако сериозни, се под контрола на украинските власти, благодарение на напорите на енергетската служба, пренесе Укринформ.

„Непријателот не престанува да се обидува да ја уништи нашата гасна инфраструктура. Тие ги гаѓаат рударските објекти со проектили. Нападите се случуваат речиси секојдневно, но и покрај тоа, енергетската ситуација е под контрола“, рече Шмихал на владина седница, пренесува Танјуг.

Тој особено ги истакна нападите врз јужна Украина, вклучително и градовите Миколаев, Херсон и Одеса, кои останаа без струја и греење поради руските напади.

Шмихал додаде дека сите релевантни сектори и експерти за енергетика континуирано работат на поправка на оштетената опрема, а нападот врз гасната инфраструктура го извршила Русија синоќа.

Слични содржини