Руски државјанин со чеченско потекло планирал терористички напад во Берлин

од Milan1
20 прегледи

18-годишен руски државјанин со чеченско потекло е уапсен под сомнение дека планирал политички мотивиран напад во Берлин, соопшти денеска германската полиција.

Според весникот „Билд“, станува збор за руски државјанин со чеченско потекло, кој наводно планирал напад врз израелската амбасада во Берлин.

Полицијата соопшти дека рускиот државјанин бил уапсен вчера, а денеска му е одреден притвор, пренесе „Ројтерс“.

Државното обвинителство и руската амбасада не одговорија веднаш на писмените барања на Ројтерс за коментар, пренесува Танјуг.

Слични содржини