Франк-Валтер Штајнмаер: Русија нема легитимитет во Белата куќа

од Aneta Risteska
38 прегледи

„Белата куќа можеби сега е подготвена да ја слуша Русија, но Москва не доби никаков легитимитет“, изјави денеска германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој преку видео-врска им се обрати на учесниците на собирот во Киев, каде се одбележува третата годишнина од почетокот на војната.

Тој рече дека изминатите две недели, за време на кои се водеа руско-американски преговори без Киев и ЕУ, ја зајакнаа решеноста на Европа да застане во одбрана на Украина, но и за себе, пренесува Би-Би-Си.

Вкупно 37 државни лидери ќе учествуваат на самитот во Киев, кој украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече „пресвртница“, од кои 13 ќе присуствуваат лично, а 24 преку видео врска, според УНИАН.

Меѓу другите, во Киев се и канадскиот премиер Џастин Трудо, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста, пренесува Танјуг.

Слични содржини