Антонио Коста: Лидерите на ЕУ утре ќе разговараат за посетата на Макрон на Америка

од Aneta Risteska
19 прегледи

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, утре ќе организира видео-конференција на членовите на Европскиот совет за да се запознае со посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Вашингтон, каде што тој разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп.
Коста на социјалната мрежа Х нагласи дека видео конференцијата ќе се одржи како подготовка за вонредниот состанок на Европскиот совет следната недела.

„Во подготовка за специјалниот Европски совет на 6 март, организирам видео-конференција на членовите на Европскиот совет утре наутро за да го слушнам извештајот од претседателот Емануел Макрон за неговата неодамнешна посета на Вашингтон“, рече Коста.

Коста свика итен состанок на лидерите на ЕУ за 6-ти март, на кој се очекува да се разговара за Украина и европската одбрана. Макрон вчера во Вашингтон се сретна со Трамп со кого разговараше за можен крај на војната во Украина, пренесува Танјуг.

Слични содржини