Кингсли Вилсон: Америка посилна од кога било, и Косово повторно српско

од Aneta Risteska
126 прегледи

Кингсли Вилсон е именувана за заменик-секретар за печат во Пентагон, а на социјалните мрежи претходно имаше објави поврзани со Србија.

По преземањето на функцијата, Вилсонова на социјалните мрежи истакна дека е чест што е поставена на оваа позиција и дека Америка ќе биде посилна од кога било.

Кон крајот на 2023 година, таа коментираше за Србија на социјалните мрежи. Во својата објава, таа напиша: „Да го направиме Косово повторно српско“.

По говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Мировната конференција во Минхен, медиумите објавија дека новата американска администрација разгледува повлекување на американските трупи од Европа, што би вклучувало и базата Бондстил на Косово.

Слични содржини