29
40-годишен колумбиски државјанин пред пет дена бил фатен во обид да прошверцува дрога скриена под перика додека се качувал на лет од Картагена за Амстердам.
Периката содржела 19 капсули кокаин, а пратката се проценува дека вреди повеќе од 10.000 евра, соопштија властите.
Осомничениот е приведен и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело трговија, производство и држење наркотици.
„Задаваме силни удари на криминалните структури кои, покрај трговијата со дрога, се и генератори на разни насилни акти и други видови злосторства кои го уништуваат мирот и соживотот на заедницата“, изјави командантот на полицијата во Картагена, Гелвер Јецид Пења Араке.