Млада Американка го убила своето новороденче фрлајќи го од прозорец на хотел во Париз, соопшти париското обвинителство.
Детето добило итна медицинска помош по падот, но не преживеало, пренесува Ројтерс. Властите покренаа истрага за ова кривично дело кое се третира како убиство на малолетник кој не наполнил 15 години, соопшти обвинителството.
Американката по породувањето била пренесена во болница, со можност, според обвинителството, воопшто да одбила да признае дека е бремена. Таа сега е во притвор. Таа наводно била дел од група помлади луѓе кои патувале низ Европа.