Татко и син заедно силувале 16-годишно девојче, синот осуден на седум и пол години

од Milan1
444 прегледи

Хју (42) и Камерон Мулен (21), татко и син од Пертшир, Шкотска, се осудени на затвор поради силување девојче (16). Тие повеќепати го силувале 16-годишното девојче додека тоа било под влијание на алкохол и дрога. Тие пред судот се изјаснија за невини, но Високиот суд во Единбург ги прогласи за виновни.

42-годишниот татко, Хју, е осуден на девет години затвор, додека денеска во Високиот суд во Глазгов, неговиот 21-годишен син Камерон доби седум и пол години затвор, односно пет и пол години и две години условно по излегувањето.

Судијата Лорд Лејк рече дека девојчето било силувано повеќепати. „Вашата жртва беше млада, многу пијана и не можеше да се грижи за себе. Вие ја искористивте во таа состојба”, им рече судијата на таткото и синот. Силувањето се случило во куќа во Блергоури, Пертшир, во април 2023 година.

Поротата на судењето слушна дека таткото и синот ја однеле девојката на адресата откако се сретнале со неа во центарот на Перт.

На судењето, жртвата изјави дека била со пријателите и се сеќава дека била во автобус. Сеќавајќи се на патувањето, таа рече дека возачот на автобусот ја прашал дали е добро, а помладиот Мулен скокнал и го излажал возачот дека тоа е неговата сестра, по што тој и неговиот татко и помогнале да излезе од автобусот. Девојката изјавила дека изгубила свест моменти пред силувањето, а се разбудила додека Хју ја силувал.

Судијата изјавил дека и двајцата ја силувале девојката и гледале како другиот ја силува. „Вашата жртва помина низ застрашувачко искуство“, им рекол тој.

„На судењето беа презентирани докази за состојбата во која се наоѓала жртвата по нападот. Била толку вознемирена, што не дозволувала други да ѝ помогнат, а на крајот полицајците морале да ја задржат заради нејзина безбедност. Нејзиното страдање продолжува долго по нападот. Последиците се значителни”, додал судијата.

Здруженијата за заштита на жртвите на сексуално насилство ја критикуваа пресудата како преблага.

Слични содржини