​Русија и САД договорија мерки за финансирање на амбасадите и разгледуваат обновување на директните летови

од Aneta Risteska
33 прегледи

Делегациите на Русија и САД на состанокот во Истанбул договорија чекори за финансирање на работата на амбасадите и разговараа за можноста за обновување на директниот воздушен сообраќај, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Состанокот, кој се одржа вчера во Истанбул, траеше речиси шест и пол часа, а руската делегација ја предводеше директорот на Северноатлантскиот оддел на Министерството за надворешни работи Александар Дарчиев, додека американската делегација ја предводеше заменик-помошникот државен секретар на САД, Соната Колтер, пренесе РИА Новости.

Како што се наведува во соопштението, за време на разговорите било договорено да се преземат заеднички мерки за да се обезбеди непречено финансирање на активностите на дипломатските претставништва. Русија, исто така, побара од Вашингтон да ја разгледа можноста за повторно воспоставување на директен воздушен сообраќај меѓу двете земји.

Дополнително, темите на разговор беа рускиот дипломатски имот во САД кој беше незаконски запленет во периодот од 2016 до 2018 година, како и начини за надминување на бројните проблеми и несогласувања во билатералните односи.

Руското Министерство за надворешни работи ја оцени средбата како „суштинска и деловна“, пренесува Танјуг.

Слични содржини