Мета се извини за насилните видеа на Инстаграм

од Aneta Risteska
88 прегледи

​Мета, матичната компанија на Инстаграм и Фејсбук, денеска упати извинување откако корисниците пријавија појава на голем број кратки видеа со насилна содржина, крвопролевање, злоупотреба на животни и мртви тела на Инстаграм.​

На форумот за Инстаграм на платформата за онлајн дискусија Редит, корисниците пријавија дека наидувале на видеа од човек прегазен од слон, друг растргнат од хеликоптер и млад човек кој си истурил врело масло на лицето, пренесува „Гардијан“.​

Неколку корисници објавија видеа од Инстаграм каде што на екранот се појавува предупредување за „чувствителна содржина“, кое ги информира корисниците за природата на видеото.​

Списокот на насилна содржина на почетната страница на еден корисник вклучува човек кој гори, пукања, мртви тела и злоупотреба на животни.​

„Во последните 24 часа, изгледа дека алгоритмот на Инстаграм полуде. Мојата почетна страница е преполна со насилни клипови, еден по друг“, рече еден корисник.​

Портпаролот на Мета се извини и изјави дека грешката поради која овие видеа им биле препорачувани на корисниците е поправена, пренесува Танјуг.​

Грешката се случила по неодамнешните промени во пристапот на Мета кон модерирање на содржината, но компанијата тврди дека овие видеа не се поврзани со новите промени.​

Насоките за содржина на компанијата Мета наведуваат дека компанијата ќе отстрани содржина која е „особено насилна или графичка“ и дека некои слики ќе бидат заштитени со ознака „чувствителна содржина“.

Слични содржини