Британската министерка за меѓународен развој поднесе оставка поради кратење на буџетот

од Aneta Risteska
19 прегледи

Британската секретарка за меѓународен развој Енелис Додс денеска поднесе оставка поради одлуката на британскиот премиер Кир Стармер да го намали буџетот за странска помош со цел да ги зголеми трошоците за одбрана.

Стармер во вторникот објави дека ќе ги зголеми годишните трошоци за одбрана, сигнализирајќи му на американскиот претседател Доналд Трамп дека Британија може да ја зајакне безбедноста на Европа, објави Ројтерс.

Зголемувањето би се финансирало со намалување на странскиот развоен буџет од 0,5 отсто од БДП на 0,3 отсто.

Хуманитарните добротворни организации рекоа дека се „згрозени“ од одлуката, предупредувајќи дека тоа ќе му наштети на британското влијание, пренесува Танјуг.

Слични содржини