Критичарите го „распнаа“ американскиот потпретседател поради наводната изјава за Велика Британија, тој возвраќа

од Milan1
87 прегледи

– Во видеото не ги ни спомнувам Обединетото Кралство или Франција, двете земји храбро се бореа заедно со САД во последните 20 години, па и понатаму – рече Џеј Ди Венс.

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс налутено одговори на повиците до него да ја окарактеризира Велика Британија како случајна земја која не била во војна со години. Имено, тој во едно интервју рече дека потенцијални мировни сили во Украина би биле „20.000 војници од некоја случајна земја која не била во војна 30 или 40 години“, а тој коментар во интервју за „Фокс њуз“, беше означен како „длабоко непочитување“.

Тој е обвинет дека избришал од историјата стотици британски војници кои ги дале своите животи во Ирак и Авганистан.

Поранешниот ториевски министер Џони Мерсер го нарече „кловн“ затоа што неговиот коментар беше протолкуван како да се однесува на Британија. Но, иако Обединетото Кралство и Франција се единствените земји кои ветија војници на потенцијалните мировници, Венс рече дека смета дека секоја сугестија дека ги има на ум тие земји е „апсурдно нечесна“.

– Во видеото не ги ни спомнувам Обединетото Кралство или Франција, двете земји храбро се бореа заедно со САД во последните 20 години и пошироко – рече тој, додавајќи: „Има многу земји кои доброволно (приватно или јавно) даваат поддршка, но немаат ниту искуство на бојното поле, ниту воена опрема за да направат нешто значајно“.

Слични содржини