Ќе ја спаси ли германската економија пакет од 500 милијарди евра?

од Milan1
52 прегледи

Германската економија е во криза и е во рецесија во последните две години. Околностите не се погодни за закрепнување, па Светскиот економски институт во Хамбург (HWWI) ја ревидираше својата економска прогноза за оваа година надолу, пренесува „dpa“.

Економистите сега очекуваат раст на бруто домашниот производ од само 0,25 отсто, наместо претходниот половина процентен поен.

„Доколку идната коалициска влада се согласи за важни економски реформи со дополнително олеснување на монетарната политика, ние ја одржуваме нашата прогноза за раст од 1,5 отсто за следната година“, велат од Институтот.

По предвремените избори во февруари, преговорите за формирање влада ги водат демохристијаните и социјалдемократите.

„HWWI“ предупредува дека „колку поограничени се реформите за подобрување на деловното опкружување во Германија, толку помалку ќе има шанси за економски раст“.

Институтот оцени дека договорот меѓу двете страни за формирање на посебен повеќегодишен фонд од 500 милијарди евра може да делува како стимул за економскиот раст.

Сепак, „таквата прогноза останува ризична, не само поради геополитичката несигурност влошена од тензиите меѓу САД, Украина и Европа“.

Слични содржини