(ВИДЕО) ЕУФОР испраќа засилување во БиХ, војници од Чешка пристигнуваат во Сараево

од Milan1
102 прегледи

Војници од резервниот состав на Чешката Република денеска пристигнаа на аеродромот во Сараево. Заменик-командантот на ЕУФОР, бригадниот генерал Лоренцо Дал Масо, ги поздрави војниците по нивното пристигнување. Резервните сили ќе ги зајакнат трупите на ЕУФОР.

ЕУФОР вчера објави дека резервните сили почнале да пристигнуваат во Босна и Херцеговина, по копно преку граничните премини Свилај и Бијача и по воздушен пат преку аеродромот во Сараево.

ЕУФОР истакна дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да го минимизира влијанието врз локалните заедници и патниот сообраќај.

Одлуката за испраќање резервни сили дојде по неодамнешната ескалација на политичката криза во Босна и Херцеговина, особено по првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Да потсетиме, Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание Ненад Стевандиќ треба да бидат приведени од правосудната полиција. Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) добила наредба од Судската полиција на Судот на БиХ да помогне во приведувањето на обвинетите.

Додик, Вишковиќ и Стевандиќ претходно не одговараа на поканите на Обвинителството на БиХ за распит. Додик минатиот четврток изјави дека добил покана, а во понеделникот го тврдеше спротивното.

Слични содржини