Украинските сили во изминатите неколку часа извршија инвазија на руска територија во регионот на Белгород, уништувајќи неколку објекти во областа Краснојарск, како што потврди гувернерот Вјачеслав Гладков.
„Сите служби, вклучително, пред се, Министерството за одбрана, граничарите, припадниците на силите на БАРС, единиците за територијална одбрана, се на своите места и работат на обезбедување на населението“, рече Гладков.
Гладков наведува дека ситуацијата во Белгородската област е тешка бидејќи украинските сили масовно користат артилерија во нападите врз населени места. Според него, во областа Краснојарск се регистрирани 29 артилериски напади и 49 напади со беспилотни летала.
Гувернерот додаде дека автобус удрил во експлозивна направа на патот кај селото Графовка, при што биле повредени три лица. Од друга страна, сите руски и проруски канали „Телеграм“ посочуваат дека ситуацијата е многу нејасна без детали за вистинското продирање на украинските сили.
Прогласена е евакуација на цивили во градот Краснаја Јаруга, кој се наоѓа на 11 километри од украинско-руската граница, што укажува дека диверзантскиот упад на украинските сили би можел да биде доста длабок.
Уште во мај 2023 година, украинските сили извршија ограничен упад во регионот Белгород со големи почетни успеси, за да се повлечат во Украина по консолидацијата на руската одбрана.