Германското МНР: Додик нема овластување да прогласи некого „персона нон грата“, РС не е држава

од Milan1
165 прегледи

Министерството за надворешни работи на Германија за порталот Klix.ba коментираше за инцидентот што го предизвикаа властите на ентитетот Република Српска, предводени од Милорад Додик, кога и наредија на германската министерка за европски и климатски прашања Ана Лирман да ја напушти територијата на тој ентитет.

Германското Министерство јасно наведува дека Милорад Додик нема законско овластување да прогласи странски службеник за персона нон грата, бидејќи Република Српска не е независна држава.

„Министерката Лирман вчераутро ја напушти Босна и Херцеговина со редовен лет“, беше соопштено од Берлин.

Лирман неколку дена претходно планираше да одржи средба во Бања Лука со претставници на опозициската Партија за демократски просперитет (ПДП), но средбата беше откажана во последен момент со образложение дека министерката е прогласена за „непожелна личност“.

Германската министерка изјави дека на делегацијата што ја предводела и била упатена директна закана за од претставникот на претседателот на ентитетот Милорад Додик. Сепак, таа истакна дека е трогната од гостопримството на граѓаните со кои се сретнала при посетата, како и од посветеноста на граѓанското општество за европската иднина на БиХ.

„Сецесионистичките постапки на Додик се неприфатливи. Тој е сè поизолиран и нема поддршка од граѓаните на РС. Луѓето ми пишуваат дека се срамат од неговото однесување“, рече Лирман.

Слични содржини