Вознемирувачки сцени: Гол маж во Сплит удираше со тупаници и гризеше луѓе, па кршеше автомобили

од Milan1
298 прегледи

Бидејќи не ја почитувал наредбата, биле употребени средства за присилба, по што мажот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болница, каде е задржан на лекување.

Сплитската полиција утринава околу 4 часот и 15 минути добила дојава за маж кој целосно гол лежи на коловозот во улицата „Краљ Звонимир“, кој одбива да се оттргне од патот. Полициски службеници веднаш излегле на терен, каде пронашле маж, јавува „Далмација Данас“.

-Кога мажот ги здогледал полицајците, станал и почнал неконтролирано да мавта со рацете, додека зборувал неповрзано. Забележавме исеченици на носот и на челото, соопштија од сплитско-далматинската полиција. „Со оглед на неговото однесување и опасноста за себе и за другите, полицијата му издала наредба да престане да го нарушува јавниот ред и мир. Бидејќи не ја испочитувал наредбата, биле употребени средства за присилба, по што мажот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болница, каде е задржан на лекување“, додаваат од полицијата.

Потоа било утврдено дека истиот маж оштетил туѓ автомобил и физички нападнал две лица. Имено, додека тој лежел на патот, возачот на автомобил застанал да му помогне. Во тој момент мажот ненадејно станал, почнал неконтролирано да мавта со рацете, удрил едно лице во лицето, каснал друго, а потоа скршил три стакла на возилото.

Слични содржини