Базиликата „Св. Марија Велика“, каде што одлучи да биде погребан папата Фрациск е импозантна црква од 5 век во срцето на Рим, која веќе содржи гробници на седум папи. Аргентинскиот папа, кој почина денеска на 88-годишна возраст, кон крајот на 2023 година изјави дека сака да биде погребан во оваа базилика, а не во криптата на базиликата „Свети Петар“, што ќе биде прв пат по повеќе од три века таму да биде погребан папа.
„Веднаш зад скулптурата на кралицата на мирот (Богородица) има мала вдлабнатина, врата што води до просторијата каде што се чувале свеќниците. Ја видов и помислив: „тоа е местото“, рече своевремено папата Франциск.
Во оваа базилика се погребани седум папи. Последно беше Климент IX, во 1669 година. Тоа е последното почивалиште на некои други познати личности, како што е архитектот и скулптор Бернини, градителот на колонадата на „Свети Петар“.