9-годишно момче кое остана заробено меѓу карпи на плажа во Нов Јужен Велс, откако го погодија големи бранови, е седмиот човек што се удави во Австралија за време на велигденскиот викенд, објави денеска Би-Би-Си.
Екипите на итната помош вчера успеале да го извлечат момчето од океанот, но тој починал на местото на настанот. Најголем дел од смртните случаи се предизвикани од силните бранови кои ги однесоа луѓето од плажите во океанот, а две лица се уште се водат како исчезнати.
Стивен Пирс, извршен директор на „Surf Life Saving“ во Нов Јужен Велс, каде што се случија повеќето давења, изјави за „ABC“ дека тоа е „најлошата“ серија на давења во историјата за велигденскиот викенд.
Две тела вчера од спасувачки хеликоптер биле забележани како плутаат во водата во близина на плажата Ватамола, јужно од Сиднеј, а откако биле извлечени, момчето (14) било реанимирано, но неговиот татко подоцна бил прогласен за мртов.
„Surf Life Saving“ објави дека од петокот извршила повеќе од 150 спасувања на океаните во Нов Јужен Велс, пренесува Танјуг.