Објавени се првите фотографии од телото на папата Франциск, во рацете има бројаница

од Milan1
77 прегледи

Ватикан ги објави првите фотографии од телото на папата Франциск. Папата Франциск е положен во едноставен дрвен ковчег, со бројаница во рацете, митра на главата и облечен во црвена литургиска одежда, еден ден откако почина од мозочен удар во неговиот апартман во Куќата на Света Марта.

Телото на папата Франциск се уште се наоѓа во Домот на Света Марта, каде што тој се опоравуваше по повеќе од еден месец поминат во болницата Гемели во Рим, поради тешка пневмонија.

Според планот, утре, 23 април, среда, телото ќе биде преместено во базиликата Свети Петар за да можат верниците да им оддадат почит.

Точниот датум на погребот ќе биде познат денеска

Погребот на папата Фрањо треба да се изврши меѓу петок 25 и недела 27 април, а точниот датум ќе биде потврден денеска на првата генерална конгрегација на кардинали во Рим.

Во согласност со неговите желби изразени во тестаментот, папата Франциск ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре.

Слични содржини