Толпа извлекла Британец од полициска станица во Еквадор и го запалила

од Milan1
32 прегледи

Британски државјанин починал од изгореници откако, според локалните медиуми, толпа го извлекла од полициска станица и го запалила на улица, пишува „Sky News“. Според медиумите од Еквадор, маж кој се уште не е официјално идентификуван, претходно бил приведен од полицијата под сомнение дека убил локален жител.

„Во раните утрински часови во неделата, на 20 април, во општината Плајас де Кујабено, на крајот на настанот одржан по повод годишнината од заедницата Кичва, се случи инцидент во кој беа убиени две лица“, се вели во извештајот на локалната телевизија за убиството на еден локален жител и насилството што следело.

„Двете лица биле член на заедницата од областа и британски државјанин кој починал поради сериозноста на изгорениците“. Локалните медиуми објавија дека убиениот Еквадорец се викал Родриго Чавез.

Според извештајот на еквадорскиот портал „Ecuavise“, човекот бил одведен во полициска станица во Плајас де Кујабено, зафрлено село во прашумите на Амазон. Додека бил таму група луѓе насилно влегле во станицата и го извадиле. Потоа го запалиле на улица и тој починал од изгорениците.

Полицијата не интервенирала поради страв за сопствената безбедност
Друг локален извор, „EXTRA.ec“, објави дека специјалните полициски единици пристигнале доцна поради отежнатиот пристап до областа, до која може да се стигне само по река. Според извештаите, кога толпата пристигнала, полицајците во станицата наводно оцениле дека не можат да интервенираат поради страв за сопствената безбедност.

Британскиот „Форин Офис“, како што се наведува, го следи случајот и соработува со локалните власти за да се потврдат сите околности на настанот.

Foto: Cuyabeno TV

Слични содржини