Калас: ЕУ некогаш нема да ја признае анексијата на Крим како дел од Русија

од Milan1
25 прегледи

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, ја исклучи можноста Европската Унија некогаш да ја признае анексијата на Крим како дел од руска територија.

„Крим е украински“, изјави Калас, додавајќи дека „многу им значи на окупираните земји тоа што другите земји не ја признаваат анексијата“.

Зборувајќи за сличен американски предлог, Калас вели дека би било грешка да се награди грабежот на територија од страна на Москва со признавање на Крим како дел од договорот за прекин на огнот.

– Тогаш Русија јасно би го добила она што го сака, јасна е Каја Калас.

Американски предлог

Според извештаите на новинската агенција „Аксиос“, кои ги објавуваат и германските медиуми, САД предложиле мировна рамка што би вклучувала неофицијално признавање на руската контрола врз речиси сите територии во Украина окупирани од почетокот на војната во 2022 година.

Наводно, според тој план, САД би ги укинале санкциите воведени врз Русија од 2014 година. Покрај тоа, мал дел од териториите под руска окупација во Харков би биле вратени на Украина.

Според „Аксиос“, нуклеарната централа Запорожје би се сметала за украинска територија, но би била управувана од САД. Електричната енергија произведена таму ќе се испорачува и во Украина и Русија. Одговорот на овој предлог се очекува денес, пишува истиот извор.

Слични содржини