(ВИДЕО) Полски пратеник го симна знамето на ЕУ и си ги избриша чевлите: Ова е Полска, а не Брисел

од Milan1
192 прегледи

Полски пратеник од крајната десница и кандидат за претседател на Полска на претстојните избори Грегорж Браун, повторно предизвика сензација во својата земја, овој пат со симнување на знамето на Европската Унија и демонстративно бришење на чевлите со него.

Браун го направи овој потег за време на официјална парламентарна посета во Министерството за индустрија во Катовице, додека снимаа камерите. Го симна европското знаме што беше истакнато покрај полското национално знаме и го собра со себе. Новинарите го прашаа зошто го направил тоа.

„Ова е Полска, а не Брисел“, изјави Браун пред новинарите, познат по своето силно противење на влијанието на ЕУ.

Потоа знамето на ЕУ го спушти покрај нозете и со него ги избриша чевлите, го зеде во рака и си замина од владиниот објект.

Пратеникот е кандидат на претседателските избори што ќе се одржат во Полска на 18 мај.