Естонија ги забранува сите летови кон Москва

од Milan1
41 прегледи

Естонското Министерство за надворешни работи денес објави дека естонскиот воздушен простор не може да се користи за летови до и од Москва за парадата на 9 мај.

„Користењето на естонскиот воздушен простор за лет до Москва за парадата на 9 мај не доаѓа предвид, а Естонија нема намера да го поддржи настанот на кој било начин“, изјави естонскиот министер за надворешни работи Маркус Цахна, пренесува радиото EER.

Тој истакна дека во разговорите со колегите од Европската Унија, тие нагласиле дека, бидејќи Русија е земјата што ја започна и ја продолжува војната во Европа, учеството во пропагандни настани организирани од неа треба да се исклучи.

Естонија веќе ги забрани ВИП летовите од Куба и Бразил до или од Москва, а дозвола нема да биде дадена или ќе биде суспендирана доколку е потребно, за кој било ВИП лет што се упатува кон Москва за прославите на 9 мај, соопшти естонското Министерство за надворешни работи.

Како што објави естонското радио „ERR“, властите на Латвија и Литванија му забранија на авионот на српскиот претседател Александар Вучиќ да лета над нивниот воздушен простор, кој планира да биде во Москва по повод прославите на 9 мај.

Слични содржини