96
Латвиската министерка за надворешни работи Баиба Браже денес изјави дека не гледа знаци дека Русија сака мир во Украина, нагласувајќи дека е важно да се ослабат воените капацитети на Русија.
„Ослабувањето на воените капацитети на Русија е најдиректниот и најевтиниот начин… да се постигне мир во Украина“, изјави Бразе пред новинарите пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Турција, објави Ројтерс.
За денес во Истанбул се закажани преговори меѓу делегации од Русија и Украина, организирани по предлог на рускиот претседател Владимир Путин. Во исто време, денес во турскиот град Анталија ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, јавува Танјуг.