18
Папата Лав XIV. утрово го прими потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс.
„За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат повторно беше изразено задоволство од добрите билатерални односи, а се разговараше и за соработката меѓу Црквата и државата, како и за одредени прашања од особено значење за црковниот живот и верските слободи.
На крајот имаше размена на мислења за актуелни меѓународни теми, при што беше изразена надеж дека хуманитарното и меѓународното право ќе се почитуваат во областите погодени од конфликтот и дека ќе се најде решение со преговори меѓу инволвираните страни“, се вели во соопштението на Ватикан.