Експлозии и пожар во Русија, погодена една од клучните фабрики на руската воена индустрија

од Milan1
78 прегледи

Украинските беспилотни летала во текот на ноќта нападнаа голема руска воена фабрика во градот Јелец, предизвикувајќи пожар и запирање на работата на објект кој игра важна улога во воено-индустрискиот синџир на снабдување на Русија, пишува „Киев пост“. Целта на нападот била енергетската централа во регионот Липецк, потврдија локалните власти и украински извори. Објектот произведува батерии и енергетски системи што се користат во речиси сите гранки на руската одбранбена индустрија.

Руското Министерство за одбрана објави дека најмалку 112 украински беспилотни летала биле соборени во текот на третата ноќ по ред од нападите. Москва повторно беше меѓу целите, каде што нападите го нарушија работењето на неколку аеродроми.

Гувернерот на Липецк, Игор Артамонов, изјави дека остатоците од соборените беспилотни летала предизвикале пожар во индустриската зона и дека осум лица се повредени. Еден дрон удрил во покривот на станбена зграда и оштетил 20 станови. Немаше смртни случаи. Артамонов не ја именуваше фабриката, но ги негираше тврдењата дека имало истекување на опасни хемикалии.

Украинскиот центар за сузбивање на дезинформации објави дека фабриката престанала да работи по нападот.

„Фабриката е под санкции од Европската Унија, САД, Јапонија и други земји поради нејзината важност за рускиот воено-индустриски комплекс но и покрај тоа таа продолжи да работи. Сега, по нападот, фабриката го прекинува производството“, рече Андриј Коваленко, раководител на Центарот.