Командантот на Иранската револуционерна гарда почина од повредите од израелски напад

од Milan1
15 прегледи

Командантот на Иранската револуционерна гарда (IRG) Али Шадмани почина денес од повредите здобиени во израелски напад, објавија денес иранските медиуми.

Командниот центар на „IRG“ вети „безмилосна одмазда“ за неговото убиство, според извештаите, објави Ал Џезира.

На 17 јуни, израелската војска објави дека го убила Шадмани, кого го идентификуваше како врвен воен командант на Иран и началник на Генералштабот на војската.