Телото на земјоделецот Ла Нотија од индонезиското село Маџапахит во југоисточен Сулавеси е пронајдено во утробата на питон долг осум метри, објави денес индискиот „Фри Прес Џурнал“.
Човекот се води како исчезнат од петок наутро откако не се вратил дома од својата фарма.
Додека ја пребарувале областа со плантажата, жителите го откриле питонот како лежи со „човечка структура“ на стомакот, а кога го отвориле стомакот на џиновскиот питон, внатре го пронашле телото на исчезнатиот индонезиски земјоделец. Според властите, ова е прв ваков случај регистриран во областа, пренесува Танјуг.