Москва за царините на Трамп: Ако тоа е сè што имаше да каже за Украина денеска, тогаш целиот притисок испари

од Milan1
11 прегледи

Високиот руски функционер Константин Косачев денеска изјави дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за 100-процентни царини не влијаат на ставот на Москва.

-Тоа воопшто не влијае на нас, рече заменик-претседателот на горниот дом на рускиот парламент.

„Ако тоа е сè што Трамп имаше да каже за Украина денеска, тогаш целиот притисок испари“, додаде тој.

Косачев тврди дека Европа сега „ќе мора да плаќа сè повеќе и повеќе“ затоа што „бесплатниот ручек за нив се покажа како стапица“. Тој, исто така, ги обвини САД дека се единствениот вистински победник од новата политика, бидејќи американската воена индустрија има корист.

-Украина може да продолжи да се бори до последниот Украинец, рече Косачев, заклучувајќи: „За 50 дена, колку многу може да се промени – и на бојното поле и во расположението на носителите на одлуки во САД и НАТО“.

Трамп претходно денеска на прес-конференција во Белата куќа со генералниот секретар на НАТО Марк Руте на која најави воена опрема вредна милијарди долари за Украина, ѝ се закани на Русија со нови, високи царини ако не се согласи на договор за прекин на војната во Украина во рок од 50 дена. Трамп рече дека е „многу незадоволен“ од однесувањето на Москва.

-Доколку нема договор, ќе воведеме сериозни секундарни царини – околу 100 проценти, рече Трамп.

Слични содржини