Вода изби низ километри мраз на Гренланд

од Milan1
15 прегледи

Огромна количина на вода од топење на мразот што се насобрала под ледената покривка на Гренланд во 2014 година предизвикала поплава од таков обем што пробила десетици метри цврст мраз, кршејќи ја површината и исфрлајќи вода на отворено, пишува „ScienceAlert“.

Ова е прв пат научниците да документираат таков феномен на Гренланд, што дава нови сознанија за тоа како островот ќе се менува додека неговата ледена покривка продолжува да се топи во морето. Во исто време, откритието покажува колку моќна и деструктивна може да биде водата од топење скриена под мразот.

„Постоењето на подглацијални езера под ледената покривка на Гренланд е сè уште релативно неодамнешно откритие и како што покажува нашата студија сè уште има многу што не знаеме за тоа како тие се развиваат и како би можеле да влијаат на системот на ледена покривка“, објаснува глациологот Џејд Боулинг од Универзитетот Ланкастер во Обединетото Кралство.

„Важно е што нашата работа ја истакнува потребата подобро да се разбере колку често тие се сушат и, критично, какви се последиците за околната ледена покривка.“

Слични содржини