Јовановски: Мора да почнеме да работиме на концептот „нула отпад“

Советникот од „Зелен хуман град“ во Советот на Град Скопје, Горјан Јовановски потенцира дека Македонија мора да почне да работи на концептот „нула отпад“. Тој вели дека модерните депонии не го решаваат проблемот со отпад, бидејќи повторно се депонии, повторно ќе може да се спалат и ќе постојат како концепт.

од Бисера Трајковска
37 прегледи

Советникот од „Зелен хуман град“ во Советот на Град Скопје, Горјан Јовановски потенцира дека Македонија мора да почне да работи на концептот „нула отпад“. Тој вели дека модерните депонии не го решаваат проблемот со отпад, бидејќи повторно се депонии, повторно ќе може да се спалат и ќе постојат како концепт.

Јовановски информира дека кај нас 60 до 70 отсто од отпадот е органски био-отпад, што значи дека ако почнеме вистински да го компостираме тој отпад,  60 до 70 отсто од отпадот веќе ќе го решиме.

-Нема ништо друго што може нам да не спаси од оваа ситуација, освен концептот „нула отпад“.
„Нула отпад“ – она што ние како „Зелен хуман град“ го говориме сите овие години, значи дека треба да прекинеме да создаваме отпад. Вака можеби звучи како научна фантастика, но далеку е од тоа. Ние пред пет, шест години зборевме за фотоволтаици и сите ни велеа дека сме луди, па сега фотоволтаици има на секое ќоше во државата. Концептот „нула отпад“ буквално ни вели дека треба да прекинеме со генерирање на отпад. Ова се однесува и на био-отпад кој што може да се компостира, да се реискористи, или пак да се користат пакувања за повеќекратна употреба, наместо за еднократна употреба, вели Јовановски.

Според Јовановски, многу од работите кои ние ги правиме во оваа држава може да се оптимизираат, а со тоа ќе се намали количеството во сегашните депонии и нема да се формираат нови депонии. Исто така, ќе може да се намали ризикот општо од самозапалување на тие депонии или пак од намерно запалување.

-Нам не ни требаат нови депонии, не треба да правиме депонии на други места или да ги дислоцираме овие, туку буквално треба да ги затвориме, да не постојат, вели Јовановски.

Тој е на ставот дека кај нас 60 до 70 отсто од отпадот е органски био-отпад, што значи дека ако ние почнеме вистински да го компостираме тој отпад,  60 до 70 отсто од отпадот веќе ќе го решиме. Тоа, како што потенцира, е огромна бројка.

-Ние како „Зелен хуман град“ се боревме да обезбедиме, и обезбедивме две компостари во Градот Скопје за био-отпад. Тие компостари се уште не знаеме дали активно ги користи градот или не. Ако ние направиме голем капацитет со многу биоотпадни компостари, ќе можеме драстично да го намалиме процентот на отпад кој што се создава, а понатаму со добри политики на владеење, ќе може да се и елиминира истиот, појаснува Јовановски.

Тој вели дека модерните депонии не го решаваат овој проблем, бидејќи повторно се депонии и повторно ќе може да се спалат и повторно ќе постојат како концепт.

-Ние сакаме да намалиме отпад, а со тоа да ја заштитиме зивотната средина и планетата. Нема друго решение. Не треба ние да викаме, ќе земеме апчиња за главоболка. Треба да ја решиме главоболката. Да видиме што е тоа што ја предизвикува, додава тој.

Тој за „Локално“ вели дека многу европски градови, како Љубљана, Амстердам, Прага го имаат решено овој проблем и работат на активни политики за намалување на отпадот.

– Ако може да имаме толку многу државни возила, ако може на глупости да фрламе пари континуирано во државата, мислам дека ова е исклучиво плакнење на очи и фрлање на ветер во магла колку да се каже дека ние не можеме да го направиме.  Ние како „Зелен хуман град“ ќе успееме да направиме финансиска анализа на премиерот, ако они тоа не можат да го направат, и ќе им дадеме готова финансиска анализа, како ова да се реализира.  Смешно е дека волонтери и активисти треба да го прават ова, кога имаме цели државни институции кои се платени и треба да го прават ова, додаде тој.

Потребни сериозни системи за управување со отпад, за екологистите единственото решение е „нула отпад“

Б.Т.