Зајкова: Младите треба да бидат застапени на повисоки позиции, но имаат недоверба кон политичките партии

Таа за „Локално“ потенцира дека постои скептицизам кај младите дека нешто во државата може да се промени.

од Бисера Трајковска
13 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на Моника Зајкова

Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова вели дека младите треба да бидат застапени на повисоки позиции во политиката, но кај нив постои слаба заинтересираност, поради недовербата што ја имаат кон политичките партии.

Таа за „Локално“ потенцира дека постои скептицизам кај младите дека нешто во државата може да се промени.

-Како помлад претседател на политичка партија, гледав да има баланс барем на листите и се радувам што имаме кандидат млад за градоначалник на Општина Аеродром. Но, пак можам да кажам дека тоа не е доволно и дека навистина треба повеќе и на повисоки позиции да бидат застапени млади. Сметам дека причината е пред се, во недовербата бидејќи младите 35 години добиваат постојано ветувања и постојано иста понуда, додава Зајкова.

Таа е на ставот дека младите треба да се повикаат да бидат креатори на мерките кои што на нив им се потребни за да го променат младинскиот стандард и живот.

Б.Т.