Во период на интензивни вируси, за граѓаните да се заштитат и да стекнат добар имунитет потребна е добра исхрана, физичка активност, како и Д витаминит кој што треба да го конзумираат сите возрасни категории, вели др Мира Атанасова за „Локално“.
Докторката апелира да се престојува што е можно повеќе на чист воздух.
-Скопскиот воздух е загаден, па затоа барем викендите да се настојува да се поминат во околината на Скопје, вели др Атанасова.
На прашање како да препознаеме дали имаме настинка, грип или Ковид, докторката вели дека симтомите се преклопуваат, но настинката најчесто оди само со течење на нос и кивање. Овие симптоми не го налегнуваат пациентот.
-Симптомите на настинка не го налегнуваат пациентот и не му ја качуваат телесната температура. не го прават малаксан и заморен. Ги нема оние типични болки во коските и зглобовите. Тука е таа мала дистинкција што е ковид а што настинка, додава докторката.
Во однос на грипот, како што објаснува, пациентот има тешка клиничка слика.
Б.Т.