Замислете што ќе се случува сега во Тетово, во Сртруга, во Дебар и во одредени други општини. Така што, толку себичен потег од политичар во поновата историја Македонија не видела. Да влегува да мисли само за себе и својот кусоглед интерес, а притоа да ги занемари сите останати, кои што, исто така, се борат во вториот круг за градоначалнички мандат, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој денеска по средбата со граѓани во Брвеница, заедно со кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Брвеница, Јовица Илиевски, одговорајќи на новинарско прашање, изрази жалење за сето она што го слушнал од неговиот противкандидат, оценувајќи го како „голема грешка, пред се, за кандидатите за градоначалници од истата онаа коалиција од којашто тој настапува“.
Прашан дали изјвата на Хаќим Рамадани влијае врз владината коалиција со ВРЕДИ или не, Мицкоски, рече дека тоа „влијае врз неговата положба во иднина“.
-Откако ќе ги изгуби најпрво изборите тука во Брвеница, ќе биде нормално разрешен од позицијата, која што ја извршува во овој момент, изјави Мицкоски.