PayPal добива силна европска конкуренција

„Wero“ би можел да стане нивниот најголем европски конкурент

од Кристијан Димков
12 прегледи Фото: Фејсбук/PayPal

ЕУ е исклучително институционално комплексна, при што некои држави сè уште имаат свои национални валути. (Приватните) решенија се побрзо го освојуваат пазарот , што Европа сака стратешки да го зајакне и да понуди домашна алтернатива на американските услуги како што се „PayPal“, „Apple Pay“ и „Google Pay“.

„Wero“ би можел да стане нивниот најголем европски конкурент. Основана е пред пет години од конзорциумот „EPI“ (European Payments Initiative), кој ги обединува 14 европски банки и два даватели на услуги за плаќање. „Wero“ овозможува моментално испраќање и примање пари, вклучително и прекугранични плаќања. Таканаречените A2A плаќања се обработуваат преку европската SEPA инфраструктура и не користат картични шеми.

Сè што ви треба за трансакција е бројот на мобилниот телефон или е-поштата на примателот. Паричникот Wero е достапен во Германија, Франција и Белгија, а Холандија се приклучува оваа година. Апликацијата ја користат 46 милиони банкарски клиенти. Услугата овозможува и плаќања во онлајн продавници и на физички каси.