Левица одбележа 10 години постоење

Со свечена церемонија, во присуство на бројни членови, симпатизери и претставници на дипломатскиот кор, политичката партија Левица го одбележа десетгодишниот јубилеј од своето основање

од Кристијан Димков
17 прегледи Фото: Официјален фејзбук профил на Левица

Со свечена церемонија, во присуство на бројни членови, симпатизери и претставници на дипломатскиот кор, политичката партија Левица го одбележа десетгодишниот јубилеј од своето основање. На настанот се обрати претседателот на партијата, Димитар Апасиев, кој во својот говор се осврна на првите чекори на Левица, нејзиниот политички раст и соочувањето со бројни предизвици, истакнувајќи ја и визијата за идниот развој на, како што нагласи, единственото автентично левичарско движење во регионот и пошироко.

„Од левичарска идеја и движењето за социјална правда – ЛЕНКА; преку студентскиот и синдикален активизам и анти-империјализам; се до денешен ден кога Левица е ПАРЛАМЕНТАРНА партија и ВТОРА партија во главниот град на Република Македонија!

Со години ни велеа да молчиме, да трпиме и да веруваме дека нема избор. Но избор секогаш има – прашањето е дали имаме ХРАБРОСТ да го направиме“, велат во соопштението на Левица.

Оттаму меѓудругото додаваат дека: „Со овој настан, славиме минато полно со отпор, но уште повеќе – иднина што доаѓа!“

Слични содржини