Според најновите информации, Велика Британија размислува да испрати голем воен брод на Кипар за да ја брани базата на британските кралски воздухопловни сили (RAF) „Акротири“ од ирански напади со беспилотни летала и ракети, дознава Скај њуз.
Наведуваат дека се водат разговори за испраќање на воен брод „Тип 45“, кој е единствениот во британскиот поморски арсенал способен да испалува балистички ракети.
„Сериозно го разгледуваме тоа. Сè уште ништо не е потврдено“, изјави извор од Вајтхол за британската телевизија.
Се известува дека Џон Хили, британскиот министер за одбрана, имал состаноци со воените команданти за опциите за зголемување на безбедноста на RAF базата во Акротири, која најпрвин беше погодена од беспилотно летало во неделата навечер, а вчера повторно беше цел на Иран.
Доколку одлучи да нареди испраќање на воен брод од „Тип 45“, Лондон ќе ги распореди или „HMS Duncan“ или „HMS Dragon“ покрај брегот на Кипар.
Како што подоцна објави италијанскиот весник „Corriere della Sera“, Багеи рече дека Иран ги смета изјавите од Германија, Франција и Велика Британија за можни „одбранбени акции“ против иранските ракети лансирани во нивните бази во земјите од Персискиот Залив како објава на војна.
„Иран го смета ова за објава на војна и соучество со агресорите (Израел и САД)“, изјави Багеи.
Тој додаде дека Европејците заземале „контрадикторни“ пристапи кон тековната војна.
„Треба да ја напуштат оваа рамнодушност, бидејќи последиците од какво било кршење на законот и правилата на војување ќе бидат такви што ќе избувне пожар кој брзо ќе се прошири во европските држави и светот“, заклучи иранскиот функционер.