Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес изјави дека грчките воени сили се распоредени на Кипар „мирно и одбранбено“ како одговор на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и дека нивната единствена цел е да спречат воена акција против медитеранскиот остров.
Мицотакис изјави пред грчкиот парламент дека Грција распоредила две фригати и четири борбени авиони „Ф-16“ на Кипар, објави „Катимерини“.
Тој нагласи дека „Грција е присутна секаде каде што повикува националната должност“ и дека државата ги ставила своите вооружени сили во служба на Грците ширум светот.