Тие немаат предрасуди: Генерацијата Зет е најсклона кон кинески автомобили

Речиси 70 проценти од Американците во оваа група би размислиле да купат автомобил произведен во Кина

од Кристијан Димков
12 прегледи Фото: BYD/YANGWANG

Кинеските производители на автомобили продолжуваат да го прошируваат своето присуство, но американскиот пазар останува во голема мера затворен за нив поради високите царини.

И покрај тоа, дел од потрошувачите велат дека би размислиле да купат возило произведено во Кина, а една возрасна група е значително поотворена од останатите: Генерацијата Зет.

Според нова студија на „Cox Automotive“, 69 проценти од испитаниците од Генерацијата Зет изјавиле дека би размислиле за автомобил од кинески бренд.

Тоа е значајна разлика во споредба со 38те проценти од испитаниците во општата популација кои рекле дека е „многу или екстремно веројатно“ да го сторат тоа.

Од друга страна, 39 проценти од Американците велат дека „мала или никаква“ е веројатноста да купат возило произведено во Кина.

Иако потрошувачите покажуваат интерес за кинеските возила, студијата покажува дека сè уште има ниско ниво на препознавање на поединечни брендови.

BYD има највисоко препознавање со 35%, но само 17% од испитаниците рекле дека се навистина запознаени со брендот.

Препознавање на кинеските брендови меѓу американските потрошувачи:

BYD: 35%
Chery: 30%
Geely: 27%
Changan: 26%
Jetour: 25%

Четириесет проценти од испитаниците го поддржуваат влезот на кинеските брендови на американскиот пазар, а партнерствата со етаблирани американски производители би можеле значително да го зголемат интересот на потрошувачите.

Дури 76% од испитаниците рекле дека би размислиле за кинески автомобил доколку е развиен во соработка со американски бренд.