Фицо и фон дер Лајен: Транзитот на нафта преку „Дружба“ мора да продолжи

Фицо ја поздрави подготвеноста на ЕУ да обезбеди техничка и финансиска помош за поправки на нафтоводот

од Кристијан Димков
16 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ 24 Канал

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се согласилa дека транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“ преку Украина мора да продолжи.

Фицо ја поздрави подготвеноста на ЕУ да обезбеди техничка и финансиска помош за поправки на нафтоводот, чиј проток на руска нафта кон Словачка и Унгарија е суспендиран од крајот на јануари поради оштетување, објави Ројтерс.

Словачка и Унгарија ја обвинија Украина за одложување на продолжувањето на протокот на нафта.