Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, се врати на работа откако три дена беше испитуван од страна на швајцарските истражни органи поради сомнежи дека е вмешан во криминални зделки.

sep-blater-1

Првиот човек на ФИФА се соочува со можна суспензија од страна на Етичката комисија поради тоа што против него се води кривична пријава.

Блатер во текот на денешниот ден треба да им се обрати на вработените во ФИФА на редовниот состанок, а неговиот советник Клаус Штеклер изјави дека состанокот е закажан за попладневните часови.

Мандатот на Блатер на чело на ФИФА ќе заврши во февруари, кога се закажани изборите за негов наследник./МИА

Слични содржини