Последно: А321 се распаднал во воздух (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
129 прегледи

По поглед на на местото на несреќата на  Синајскиот Полуостров извршниот директор на меѓудржавните авијациски комитет (МАК) на Русија Виктор Сороченко изјави дека авионот се распаднал во воздух, пренесе РИА Новости. Тоа е радикално спротивен заклучок на првата верзија, која гласеше дека А321 се урнал во карпа.

20151101.rswbgmlktw

Виктор Сороченко сепак изјави: “Рано е да се зборува за заклучоци. Пукањето  на авионот се случило во воздухот и фрагментите  му се расфрлани на голема ма површина”.  Од местото на несреќата е веќе протече   вселенска слика, на која се гледаат остатоците на авионот. Сликата е во Министерството за вонредни ситуации (МЧС)

https://youtu.be/ewzsxa1zDQ4

“Со цел спроведување на спасувачки активности на местото на несреќата е добиена весокодетална слика. На неа на површина од 16 кв.км. се гледаат јасно урнатините на авионот”, објасни в.д. шеф на центарот за управување во кризни ситуации кон МЧС Владимир Смирнов.  Првиот авион на МЧС со телатата на загинатите во авиокатастрофата ќе пристигне вечерва во 20 часот по локално време во Санкт Петербург.

Препознавањето на телата ќе се изврши во крематориум на Плоштадот “Шафировски”.