76
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција г. Али Ахмети денес се сретна со Генералниот секретар на ОБСЕ, г. Ламберто Заниер.
![unnamed (1)](https://lokalno.mk/wp-content/uploads/2015/11/unnamed-1.jpg)
Соговорниците резговараа околу политичката ситуација во Македонија, изборите следната година, анализа на Охридскиот Договор и евро-атлантска перспектива на Македонија.
Лидерот Ахмети го запозна г. Заниер околу ставовите на ДУИ во врска со актуелната ситуација и спроведувањето на договорот за решавање на кризата која нема алтернатива.
Обврските на партиите треба да се спроведат и на земјата да и се врати евро-атланската агенда, решавањето на спорот со името и затворање спорови со соседите.
Претседателот Ахмети и се заблагодари на ОБСЕ за нејзиниот придонес во текот на годините особено за Спроведувањето на Охрискиот Договор, вклучувајќи и анализа на овој мировен документ која произлегува како обврска од извештајот за напредок на Европската Комисија, акционен план и одлуката на Владата и високиот дијалог на пристапување во ЕУ.
Истотака Лидерот Ахмети го охрабри вклучувањето на ОБСЕ во следење на работата на Специјалниот Обвинител, но и следење на чувствителните судски случаи на меѓуетничките односи.